Мицкоски оствари бројни средби со европски челници на Самитот во Будимпешта
Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на европската политичка заедница, кој започна предмалку.
-Денеска заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски учествуваме на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) што се оддржува во Будимпешта, Унгарија.
Европската политичка заедница е меѓувладин форум за политичка и стратешка дискусија за иднината на Европа. Основан е во 2022 година. Групата прв пат се состанува во октомври 2022 година во Прага со учесници од 44 држави, како и претставници од Европскиот совет и Европската комисија.
На самитот ќе имам и свое излагање на сесијата посветена на темата економска сигурност и меѓусебно поврзување, пишува Мицкоски на Фејсбук.