Две ракети паднале во близина на резиденцијата на Нетанјаху

Две ракети синоќа паднале во близина на приватната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во градот Цезареја, во центарот на Израел, соопштија безбедносните служби и го опишаа како „сериозен случај“.

Околу 19:30 часот (по локално време), две ракети паднаа во дворот пред премиерската резиденција. Премиерот и неговото семејство не беа во куќата“, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и израелската разузнавачка служба Шин Бет.

Службите оценуваат дека станува збор за „опасна ескалација“.

Не е прецизирано од каде биле истрелани ракетите.

На 22 октомври, беспилотно летало ја погоди резиденцијата на Нетанјаху. И тогаш премиерот на Израел не беше во својот дом, но го обвини движењето Хезболах, против кое Израел војува во Либан, дека се обидуваат да го убијат него и неговата сопруга. Три дена подоцна Хезболах објави дека тој го извршил нападот.