Вест од рубриката „верувале или не“: СДСМ реализирале 80-90% капитални инвестиции?! Кои се тие, прашуваат љубопитните граѓани

На социјалните мрежи граѓаните „на ангро“ го тролаат и се ругаат со изјавата на Бочварски, прашуваат „на што е Баже“, „трепни два пати ако си киднапиран“, дали мисли можеби на двата преместени камења на автопатот Скопје – Охрид за седумтте години власт и се во дилема дали екс министерот можеби во градби и капитални проекти го сместил и подземниот тунел кој затворениците го копаа под затворот Идризово. Единствена „градба“ во владеењето на СДСМ. Другото, најлогично објаснување е дека е лесно да реализираш 80 до 90 насто од ништо

Македонската јавност е ставена во тешка дилема откако поранешниот министер за транспорт и врски, Благој Бочварски, изјави дека власта на СДСМ била подобра од ВМРО-ДПМНЕ и реализирала неверојатни 80 до 90% од капиталните инвестиции во текот на своето владеење. Главното прашање и дилема на јавноста е за кои, побогу, инвестиции зборува Бочварски?

„Имавме сериозен процент на реализирани капитални инвестиции некаде 80-90%“, рече Благој Бочварски, екс министер за транспорт и врски во „Дејли Клик“ на ТВ21.

Тој кажа дека кога СДСМ бил на власт, имало прогрес во работата на сите полиња во капиталните и инфраструктурините проекти.

„Зголемивме прогрес на работа и во коридорите, и на локалните патишта, во железничката пруга, во гасоводите до Гостивар и до Битола, во изградбата на социјалните станбени згради имавме прогрес, водоводи и канализации, потоа во делот на министерството за труд и социјална политика на детски градинки, училишта… Еден сериозен и силен прогрес имаше владата на СДСМ“, изјави Бочварски.

На социјалните мрежи граѓаните „на ангро“ го тролаат и се ругаат со изјавата на Бочварски, прашуваат „на што е Баже“, „трепни два пати ако си киднапиран“, дали мисли можеби на двата преместени камења на автопатот Скопје – Охрид за седумтте години власт и прашуваат дали екс министерот можеби во градби и капитални проекти го сместил и подземниот тунел кој затворениците го копаа под затворот Идризово.

Бочварски не даде објaснување на јавноста, зошто не даде оставка на министерската позиција како морален чин кога 46 луѓе, меѓу нив 17 деца, загинаа во Бугарија со нелиценциран автобус од Македонија додека тој беше на оваа позиција.

Другото, најлогично објаснување за „реализирани 80-90% капитални инвестиции“ е дека е лесно да реализираш 80 до 90 насто од ништо…