Весна Дамева бара СУДСКИОТ СОВЕТ ДА БИДЕ – ДРЖАВА ВО ДРЖАВА. Дај пари, и ќути
Крајно разочарувачки и тенденциозно е „се запира постапката“ и се укажува на Судскиот совет каква одлука да донесе и во кој рок. Во какво својство се ставила ДКСК? Ова е директен упад во судската власт, атак врз независноста и самостојноста и на одлучувањето на членовите на Судскиот совет и воопшто на судството.
Ова го истакна претседателката на Судскиот совет Весна Дамева која ја оцени како директен упад одлуката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) според која Судскиот совет треба да ги повлече своите двајца членови кои ги назначи во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
Дамева во телевизиско гостување посочи оти одлуката на Судскиот совет да назначи двајца свои членови во УО на Академијата била транспарентна и ѝ забележа на ДКСК зошто не ги известила за седницата на која се разгледувала таа одлука.
– Начинот на одлучувањето на ДКСК, крајно разочарувачки. Затоа што во поткрепа на иницирање на постапка спрема Судскиот совет, Комисијата не најде за сходно дури ниту да побара аргументација од Судскиот совет, да го побараше записникот, да види кои се фактите и аргументите врз основа на кои ја донел одлуката. Тоа е прво, второ Судскиот совет не беше известен за седницата, која што беше закажана, мислам како интервентна со оглед на датумот на иницирање на постапката, па барем да беше запознат да имаше претставник таму да ја даде својата аргументација – рече Дамева.
Забелешките на антикорупционерите и невладините организации беа дека одлуката на Судскиот совет е незаконска затоа што законот предвидува членовите на Управниот одбор кои ги назначува Судскиот совет да бидат од редот на активните судии. Но, Дамева е на ставот дека најрационално и најефикасно е тие да бидат од Судскиот совет.
Таа искажа забелешки и за начинот на кој Антикорупциската комисија ја донело одлуката, како и на нејзината содржина.
– Од она што го видов кога ја примив одлуката, не го анализирав образложението бидејќи во оваа фаза сметам дека не треба да го сторам, тоа ќе го разговараме заедно со членовите на Судскиот совет, но крајно разочарувачки и крајно тенденциозно е во изреката стои „се запира постапката“ и се укажува на Судскиот совет каква одлука да донесе и во кој рок. Во какво својство се ставила ДКСК? Ова е директен упад во судската власт, атак врз независноста и самостојноста и на одлучувањето на членовите на Судскиот совет и воопшто на судството – рече Дамева.
Според законот работата на судскиот освет е подложна на контрола од страна на Собранието кое патем донесува и закони поврзани со Судскиот освет, а работата на Антокорупциска е да надгледува и реагира на можна појава на корупција, ненадлежност или непотизам во сите државни институции. Според претседателката на Судскиот совет тие се држава институција само во поглед на земање пари од државниот буџет, а притоа не даваат отчет ниту за доверба од јавноста во судскиот систем од само 3%%. Според неа, Судскиот освет треба да биде држава – во држава.
И Јавното обвинителство е држава – во држава. Имено, претседателката на Антокорупциска Биљана Ивановска објави дека ниту една нивна пријава/укажување за можна корупција Јавното обвинителство не процесуирало во истрага. За судиите и обвинителите не е важна Антокорупциска, надлежно државно тело за мониторинг на тој вид криминал, поважни им беа со години наназад мислењата на оние кои ги поставиле таму, како премиерите Заев или Ковачевски и Али Ахмети.