Бугарите се навредија дека Џон Малкович во претстава ги прикажа како „орда од нечисти и неписмени кукавици со црни клинци“

Премиерата на, како што ја нарекуваат медиумите во Софија „идиотската“ антибугарска претстава „Оружјето и човекот“ според Бернард Шо, која директорот на Народниот театар Василев  ја смета за сосема „прикладна“,  пропадна!, објави весникот „Труд“

 

Во корпоративните медиуми има бесна пропаганда против луѓето на кои вчера протестиравме пред театарот. Главната поткрепа е што не сме ја прочитале претставата и сме „заведени“. Де факто сме будали, па дури и еден од актерите не нарече „стадо“!, пишува „Труд“.

Во „Оружјето и човекот“, со сарказам и иронија, победниците на Сливница, оние кои во далечната 1885 година според бугаркиот наратив ја спасиле Бугарија, се претставени како орда од нечисти и неписмени кукавици со црни клинци.

Бугарите се навредија дека Џон Малкович во претстава ги прикажа како „орда од нечисти и неписмени кукавици со црни клинци“

Ги повикувам сите кои се чувствуваат Бугарин и сеуште ја носат Бугарија во душата и срцето да се приклучат на протестот против ова понижување на кое се обидува да го подложи нашиот театар неговиот директор Васил Василев-пишува Страхил Ангелов.