СЕ БАРААТ ИНВЕСТИЦИИ – Мицкоски денеска ќе се обрати пред Стопанската комора на Германија

Денес продолжува посетата која претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани ја имаат на Берлин, Сојузна Република Германија која е дел од таканаречениот Берлински процес.

Денес Премиерот Мицкоски ќе има излагање во Стопанската комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft) каде ќе ги презентира економските планови и плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата и можностите за соработка и инвестиции на германските компании кои веќе се присутни на македонскиот пазар.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.