Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, ја доби наградата за мир за договорот од Преспа.
Наградата „Никос Никофоридис“ ја доделува мировната организација „Опсерваторија за меѓународни организации и глобализација“.
„Како што рековме неодамна со Зоран Заев, треба јасно да ставиме до знаење дека единствениот пат не само за европската иднина туку и за иднината на самата Северна Македонија како земја е почитувањето на договорот од нејзиниот нов политички и државен врв. (…) Треба да го вратиме моментот на европската перспектива создадена со договорот од Преспа извлекувајќи го регионот од стагнацијата во која беше во 2018 година. Договорот, кој претставува модел за решавање на споровите во Западен Балкан, докажува дека постојат неколку заеднички прифатливи решенија, кои истовремено ги штитат националните интереси и промовираат мир. И ако Европската Унија се покаже како несигурна во однос на ветувањето за Западен Балкан, за нејзиното соседство, тогаш нема да има никаков кредибилитет како меѓународна геополитичка сила“, додаде експремиерот на Грција.