Стапува во сила законот за спречување на нефер трговски практики – поевтинување на 2.500 производи

Од утре стапува на сила законот за нефер трговски практики. 2548 продукти кои се со 5 и 10 отсто ДДВ, а ги определи министерството за економија ќе имаат ограничен рабат до 10 %, а законот ги забранува дополнителните трошоци и надоместоци за маркетинг,  репрезентација, како и за истакување одреден производ на одредено место во маркет. Ова на долг рок треба да воспостави ред во трговијата и да ги стабилизира цените

Со влегувањето во сила на законското решение кое беше изгласано пред шест месеци завршува преодниот период за усогласување на договорите меѓу купувачите и добавувачите, со што старите договори не важат. Првите ефекти на намалени цени, Министерот за економија очекува да се почувствуваат кон крајот на октомври кога трговците треба и да ги потрошат залихите од претходните договори.

Сакам да потенцирам дека овој закон не ја регулира трговската маржа, туку ги забранува дополнителните трошоци (надоместоци) кои добавувачите морале да ги плаќаат за нивните производи да се продаваат од купувачите. Со примена на овој закон очекуваме резултати на долг рок и намалување на цените на овие производи на листата од најмногу 10%, односно првите резултати со намалени цени ги очекуваме до крајот на октомври кога очекуваме дека ќе се потрошат залихите од претходните договори и ќе почнат да се продаваат производите согласно новите договори. Законот како што знаете донесен е на 20 март 2024 година и трговците и добавувачите имаа рок од шест месеци да ги усогласат договорите, односно да склучат нови договори, не подоцна од 27 септември. Што значи дека од утре почнува и ефективната примена на овој Закон“ кажа министерот.

Дали се спроведува законот ќе контролира Комисијата за заштита на конкуренција. Дурмиши појасни дека до пред Нова Година, ќе има опомени наместо казни.  Највисоката казна достигнува до 20.000 евра за голем трговец и од и од 350 до 500 евра за одговорното лице.

Од комисијата за заштита на конкуренцијата за Алфа велат дека ќе постапуваат по добиена пријава, или по службена должност доколку имале сознанија:

Комисијата очекува да добие пријава токму од   добавувачите/производителите на земјоделски и прехранбени производи и да постапува по истите. Овие пријавители може да бараат да останат анонимни. Исто така, Комисијата врз основа на сопствени сознанија може и по службена должност да поведе постапка за оценка на одредени трговски практики кои може да се забранети со Законот.За претпријатијата за кои ќе се утврди дека го прекршиле Законот, се превидени глоби, кои зависат од тежината на прекршокот, велат од Антимонополска.

Додека се чекаат првите ефекти од законот , на сила е владината мерка „есенска кошница“. Според првите анализи од министерството за економија, цените на 73-те производи кои се на листата биле намалени во просек од 5-10 отсо. Како што објаснуваат од таму тоа е така, оти кај некои прозиводи намалувањето е помало, кај некои воопшто го нема оти маржата на одредени продукти и не била повисока од 10 отсо.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.