Кривична пријава за Борче Цветков, пратеникот од СДСМ и екс директор на затворот: Пуштал затвореници да се шетаат во странство, тој обвинува за политички притисоци

Кривична пријава заработи актуелниот пратеник на СДСМ и поранешен директор на струмичкиот затвор Борче Цветков кој им наредувал на стражарите тројца затвореници да ги заведуваат како присутни, иако тие не само што не биле во затворот, туку повеќе од еден месец се шетале и надвор од државата. Со коректор се бришеле имиња на други затвореници и се допишувале имињата на привилигираните затвореници, стои во кривичната на МВР. Од обвинителство брифираат дека веднаш ќе бидат преземени дејствија за обезбедување на докази, а поради тоа што тој повеќе не е директор и не е итна постапка, нема да се бара притвор.

СВР Струмица инфомираше дека поранешен директор заработи кривична за злоупотреба на службената положба која е веќе доставена до струмичкото обвинителство поради неговите наредби до вработените да ги заведуваат осудениците во евидентните книги, додека тие се шетале во странство.

Полицијата не го открива идентитетот, но според извори на Алфа станува збор за поранешниот директор и актуелен пратеник Цветков, а привилигираните затвореници се Гончо Темелков, Ѓорге Велков и Лазо Котуровиќ во струмичко познат како Лазо Д’лгио.

Пријавениот, во својство на поранешен вршител на должноста директор на Казнено – поправната установа Затвор Струмица”, во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т., велат од СВР Струмица.

Кривичната пријава го опфаќа директорувањето на Цветков во 2021, 2022 и 2023. Тој беше директор на затворот во Струмица до февруари годинава кога даде оставка поради ангажман во предизборниот период.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.