Дете од тетовско основно училиште со метален боксирач претепа соученик

Вчера во 15.25 часот во СВР Тетово, А.А.(40) од Тетово пријавил дека околу 12.00 часот во тетовско основно училиште, неговиот малолетен син, по кратка расправија, бил физички нападнат од друг малолетник, ученик во истото училиште.

Како што пријавил таткото, ученикот напаѓач користел и метален боксирач.

Од СВР Тетово велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.