Трета недела, ТРЕТА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА – Премиерот Мицкоски од посетата на САД носи инвеститори: Американската компанија „Вабтек“ нова странска инвестиција во Македонија

Уште една одлична вест, од Вашингтон. Трета недела, за трета нова странска инвестиција, објави на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски

Американската компанија „Вабтек“ е новата странска инвестиција која ќе вложи 35 милиони евра во земјава и со која ќе се отворат 100 работни места. Компанијата ќе инвестира во производство на сопирачки за шински возила.

Името на новата инвестиција го објави премиерот Христијан Мицкоски кој во Вашингтон имал средба со извршниот потпретседател на компанијата.

По инвестицијата од 500 милиони долари на „Алказар Енерџи“ во ветерен парк која е најголема во регионот и инвестицијата на германско белгиската компанија „Епсотех Аим“ во Петровец од 20 милиони евра, американски „Вабтек“ ќе инвестира во Македонија. Компанијата „Вабтек“ е дел од петстоте најголеми компании во САД.

Остварив средба со извршниот потпретседател на компанијата во Вашингтон каде што беше потврдена динамиката на реализација на новата инвестиција. Повеќе од 100 нови вработувања, инвестиција вредна 35 милиони евра. Ќе се инвестира во производство на сопирачки за шински возила. Поголем извоз за подобра иднина, објави Мицкоски на Фејсбук.

Comments are closed.