Почина момчето кое беше киднапирано и принудено да се самозапали

Почина 24-годишникот кој во четвртокот бил киднапиран во скопската населба Ченто и принуден да се самозапали. Во текот на денот извршена е обдукција која ќе треба да им даде појасна слика на истражителите. Телото е предадено на семејството за да може да го погреба, објави Сител.

24-годишниот Биљал бил најден од полициски службеник на Меѓународниот аеродром. Претходно, пожарникарите забележале пожар во индустриската зона Ќојлија, а Биљал влегол на скопскиот аеродром со повреди од изгореници.

На службеникот му кажал дека бил насилно пренесен со возило од населбата Ченто до Ќојлија. Според пријавата, како што објави тогаш МВР, неколку лица со закана го натерале да се запали самиот и избегале. Тој успеал самиот да го изгасне огнот од кој бил зафатен и помошен објект во близина.

Негов близок познаник се согласи да говори пред камерата на Сител, но побара неговиот идентитет да остане заштитен. Според неговата верзија, на Биљал му должеле пари, па го намамиле во угостителски објект кажувајќи му дека се тука за да му ги вратат парите.

Засега нема информации од извршената обдукција, но неговите познаници тврдат дека бил тепан и држен во кафез.

Comments are closed.