Познат идентитетот на повредениот во пукањето во Чаир вчеравечер

Вооружена престрелка се случила вчера во скопската населба Чаир, објави Тв21.

Пукање вчера кај „Фафа“ во скопски Чаир, има и ранети.

Според неофицијални информации станува збор за пресметка меѓу криминални групи, а по престрелката има и повредени лица.

Полицијата утринава излезе со информации за пукањето во скопски Чаир.

Тие вчера во 21:50 добиле пријава од ГОБ „СВ. Наум Охридски“.

-Во ГОБ Наум Охридски бил донесен Д. Б. (31) од Скопје, кој се здобил со повреда од огнено оружје на територија на Чаир во Скопје, информира МВР.

Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе медиуми синоќа објавија дека средба за помирување меѓу две семејства заврши со меѓусебна престрелка во скопски Чаир.

Comments are closed.