„Кораб е на Албанија“: Албански планинари го тргнаа македонското и го закачија албанското знаме
Група албански планинари пред два дена го отстранија македонското знаме од Голем Кораб, врвот на планината Кораб, и го закачија албанското.
Видеото е споделено на „Фејсбук“ од страна на Изет Шулку, инаку готвач и сопственик на ресторан во Албанија.
Кораб е на Албанија и таму нема место за македонското знаме, напиша Шулку.
На врвот Голем Кораб кој припаѓа на Националниот парк Маврово стои информативна табла со налепница испишана на македонски јазик со надморската височина на врвот – 2.764 метри и дека корабскиот планински масив е во две земји Македонија и Албанија, но Шулку исто така ја искина и фрли.