За пет години се затворени 45 училишта во Македонија бидејќи нема деца
Mасовоното иселување од државата го зема данокот. Бројот на основни училишта во Македонија се намалил од 1.042 во учебната 2018/2019 година на 1.000 во учебната 2023/2024 година, покажуваат новите податоци на Државниот завод за статистика пишува Блумберг Адриа. Во истиот период, бројот на средни училишта се намалил од 138 на 135.
Во основното образование, од година на година се намалува бројот на влезната генерација, како и вкупниот број ученици. Бројот на запишани ученици во основно образование во учебната 2023/2024 година е помал за 4,8 проценти во споредба со 2013/2014 година“, информираат од ДЗС.
„Бројот на запишани ученици во средното образование, во учебната 2023/2024 година, во споредба со 2013/2014 година, е намален за 22 проценти“, информираат од Државниот завод за статистика. Но намалување може да се забележи и во високото образование. Ако се спореди со учебната година 2013/2014 со оваа сегапната 2023/2024 ќе може да се види дека намалувањето изнесува речиси 10 отсто, односо 9.4 проценти.