Организацискиот директор на Нефрологија до последен момент реализира тендери или полни џебови
На Клиниката за нефрологија раководството се спрема за заминување или организацискиот директор до последен момент по секоја цена треба да реализира тендер за молерисување на ѕидови, велат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
Соглед дека на Клиника за нефрологија денес, сабота, се молерисуваат ѕидовите кои веќе се молерисани пред извесен период прашуваме:
1.За која фирма станува збор, за каква набавка, што се опфаќа набавката и за која сума
2.Дали се безбедни пациентите
3. Дали се постапува по процедурите предвидени со Закон и дали се испочитувани насоките на Инпекторатот во вакви случаи, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.