Мицотакцис го информирал Европскиот совет за прекршување на договорот од Преспа
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на вчерашниот Европски совет ги информирал неговите колеги за, како што рече:
„Фактот што и претседателката и премиерот на Македонија директно го прекршуваат договорот од Преспа“ и посочил дека е неопходно сите да разберат дека „почитувањето на европското законодавство, очигледно поминува преку верното почитување на меѓународните договори“, јави дописничката на МИА од Атина.
На прес-конференцијата во Брисел по самитот на Унијата, Мицотакис, освен за тековните европски случувања, одговарајќи на новинарско прашање, говореше и за односите со нашата земја.
– Со оглед на тоа што имаше дел за прашањата за проширувањето, презедов иницијатива и ги информирав моите колега во Европскиот совет за случувањата во С. Македонија, за фактот што и претседателката и мандатарот за премиер всушност директно го прекршуваат договорот од Преспа, игнорирајќи го во пракса ерга омнес и избирајќи да користат друго име, а не уставно дефинираното име на земјата, за внатрешна употреба, што е целосно спротивно на духот на договорот од Преспа, рече Мицотакис.