Мицкоски: На првата Владина седница донесена одлука за повисоки пензии за пензионерите
На првата седница на владата е донесена одлука за зголемување на пензиите за пензионерите.
Премиерот Христијан Мицкоски, објави дека дека ветувањето дадено пред повеќе од 1 година станува реалност, веќе во првите денови од новата влада.
По победата на изборите, новата Влада веднаш пристапи кон исполнување на своите ветувања. На првата владина седница која се одржа на 28 јуни 2024 година, најавувам линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари. Првата исплата од 2.500 денари ќе биде во септември, а втората од 2.500 денари ќе следува во март.
Ова ветување го дадов и на мојата последна средба со пензионерите во Велес. Тоа беше време кога тие протестираа по улиците барајќи достоинствен третман од власта. Попладнево со задоволство ќе ги посетам.
Ги исполнуваме ветувањата дадени пред граѓаните и заедно градиме подобра иднина!
За тебе!
Исполнуваме!
Се грижиме!, истакна Мицкоски на социјалните мрежи.