Дака „се пере“ по недоличниот гест на ЕП кога ги навреди Македонците

Фудбалерот на Албанија Мирлинд Даку првпат прозборе за скандалот кој го направи на ЕП, кога на одвратен начин ги навредуваше Македонците и Србите.

УЕФА го суспендираше два натпревари, а сега во разговор за руски медиуми изјави дека се кае поради тоа што го направи.

Се излезе од контрола. Ова е еден од најтешките моменти во мојата кариера – изјави Даку и додаде:

Оваа недела беше многу тешка. Се соочив со притисок како никогаш досега. Се најдов во центарот на скандал, од што се срамам, Не сакав да предизвикам таква ситуација, а да не зборувам за вниманието кај медиумите. Се излезе од контрола. После нешто вка стресно, обие мисли не ме напуштаат. Ова ми е еден од најтешките моменти во кариерата.

Тој посочи зошто имал потреба да се обрати на навивачите по натпреварот против Хрватска.

-По првиот меч на турнирот со Италија, нашиот дефанзивец Хисај доби многу критики од навивачите. Не само навивачите, дури и медиумите вршеа притисок врз него. По натпреварот со Хрватска сакав да го поддржам и отидов со него на трибина за навивачите да го прифатат, поддржат и да го поделиме со нив радосниот момент. Му дадоа мегафон, бев во близина. Подоцна мегафонот беше во мои раце и ги изговорив тие зборови – вели Даку за Спорт Експрес.

На прашањето зошто не можел да ги контролира емоциите вели:

На вакви натпревари често навивачите си дозволуваат да ги извикуваат навреди на сметка на навивачите на другите земји. Оваа атмосфера ве прати во текот на целата игра и те поведува. Ова влијае на сите на стадион. Тој меч имаше емотивен крај, изедначивме во последна минута и јас дебатирав на првенството. Ме преплавија емоции. Ова воопште не го оправдува она што го направив. Одна после галамата сфатив што направив, реков „ова се недолични работи“. Бев во шок што дозволив да ме понесат емоциите и си дозволив на себе такво нешто.

Тој вели дека ја навредувал Македонија, а не и Србија.

Навистина ништо не викав и не зборував за Србија. Што е поважно, не требаше да вооошто да изговорам такви зборови за ниту еден народ. Ова едноставно е неприфатливо. Ова е ужасна работа и не ме прави среќен. Жал ми е и се извинувам на сите кои се повредени од овој чин.