Отворен е предметот „Бумеранг“ – Бојан Јовановски денес во ОЈО

Денес бо 10 часот во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција започна кривично-правната операција со кодно име – “Бумеранг” која ја најави Бојан Јовановски- Боки 13 изминатата година кога побара прием кај шефот на наведеното обвинителство, јавен обвинител Ислам Абази.

-По делегирање на надлежен јавен обвинител ве известувам дека оформен е предмет, утре тој е повикан за прв пат да дава исказ и да ги поднесе кривичните пријави за сторени кривични дела на високо профилирани лица, функционери, политичари, обвинители, судии и бизнисмени, стои во соопштението од Тимот за комуникации на Јовановски.

На закажаниот термин во обвинителството ќе биде заедно со полномошник, адвокат м-р Владимир Туфегџиќ.