СДСМ е секта која се убива меѓу себе, по овие избори нема да постои како партија

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше и за СДСМ, како и за многу функционери од таа партија, кои ги обвини за низа тешки дела.

„СДСМ денеска е секта која се убива меѓу себе. По овие избори, СДСМ нема да постои како партија“, рече Јовановски и посочи дека Зоран Заев е вмешан во низа криминални дела, објасни како Сања Лукаревска ја злоупотребила својата функција, како Стефан Богоев лажел пред обвинителството….

„Најголемата животна грешка ми е што поклонив верба во човек којшто сите ги искористи и фрли. Тој ја фрли цела негова поставка од луѓе“, рече Боки 13 за експремиерот Зоран Заев и посочи дека од „Шарена револуција“ почнал рекетот во Македонија.

Тој тврди дека СДСМ во тој период имала многу полза од него и неговите врски во естрадниот свет.

Во моментот кога Заев го доби мандатот од Иванов, се официјализира Меѓународен сојуз, а јас станав претседател на таа организација. Имавме супер визија, но за жал и таму ме извозија, ме изманипулираа. Дозволив и огорчен сум, вели Боки 13.