Бугарскиот портал Faktor.bg со самосатисфакционен наслов објави тешка лага која наводно се појавила во последниот извештај на Американскиот Стејт департмент за Македонија за 2023 год во кој се вели:

„Стејт департментот го попари Скопје: во Република Македонија има систематско насилство врз Бугарите“

па продолжуваат со сочна лага за наводен цитат од овој извештај во кој велат:
„Во Република Македонија има систематско расно и етничко насилство и дискриминација врз Бугарите. Така се вели во извештајот на Стејт департментот за човековите права кај нашиот југозападен сосед за 2023 година“

Ова е крајно манипулативен екстракт од делот за „Системско расно ИЛИ етничко насилие и дискриминација“
Во извештајот на Стеј Департментот Бугарите во Македонија се споменуваат само во овој дел и тоа:

„Министерот за правда ги затвори бугарските културни клубови „Цар Борис III“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“, повикувајќи се на законот од 2022 година со кој се бара од организациите именувани по фашистички поддржувачи или соработници да си ги сменат имињата. Во февруари, по препорака на Комисијата за антидискриминација, обвинителството во Битола отвори прелиминарна истрага за клубот „Иван (Ванчо) Михајлов“ поради говор на омраза. Претседателот на клубот беше обвинет за поттикнување етничка и расна омраза и нетолеранција и ширење расизам и ксенофобија.

Две лица се обвинети за нанесување тешки телесни повреди на Христијан Пендиков, кој се саморегистрирал како Бугарин, по национална и етничка основа на омраза.“
Во текстот на овој бугарски медиум воопшто не се нотира дека е затворен клубот Ванчо Михајлов а спрема неговиот претседател покренато е обвинение за ширење на расна и етничка нетолеранција како и ксенофобија.“

Како што се наближуваат двојните избори во Македонија на 8ми мај, нервозата кај официјална Софија и дел од нивното медимското миље драстично расте, па затоа се сретнуваат вакви манипулативни и клеветнички текстови во кои не се штеди ниту Америка ниту Македонија.

Линк до извештајот на Американскиот Стејт Департмент за Македонија ( страна од 33-35 )
Веста објавена во бугарски Фактор