ПУКАНО во возилото на градоначалникот на Арачиново, повреден возачот

Пукано во автомобилот градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибраими.

Во престрелката погоден e неговиот возач, кој во моментов се носи на комплексот клиники „Мајка тереза“, ова за Курир го потврдува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Припадници на полицијата се на терен, и вршат увид.

Од Ургентниот центар потвртдија дека едно лице од Арачиново е донесено со рани од огнено оружје.

-Го внесуваме во сала. Има прострелни рани на градниот кош. Станува збор за момче на околу 30-годишна возраст. Раните се за итна операција, поради што веќе влегуваме во сала, рекол во кусата изјава Неџати Јакупи, директор на Клиниката за Торакална хирургија во скопскиот Клинички Центар.

Инцидентот се случил денеска попладне. Во напад со автоматска пушка врз градоначалникот на Арачиново застрелано е лице од негово обезбедување.