Голема акција во „Идризово“: Уапсени 17 припадници на затворската полиција

Утрово во полициската акција на Бирото за јавна безбедност при МВР се апсат припадници на затворската полиција.

Од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција информираат дека утрово имало голема акција во затворот „Идризово“, во која се уапсени 17 затворски полицајци.

Од ОЈОГОКК најавија дека наскоро ќе има повеќе детали и соопштение.

Минатата недела во затворот Идризово имаше голема полициска акција и претреси со специјалци. Тогаш беше потврдено дека се потрупани два тунели односно канали кои не се во употреба и за кои постоеле сомнежи за можно користење за бегство на затвореници.