Вработените во ФЗО денеска на штрајк – имаат три барања

Вработените во Фондот за здравство денеска излегуваат на протест. Тие бараат усогласување на платите со растот на минималната плата.

Од Синдикатот соопштија дека ќе бараат и разрешување на целиот управен одбор на фондот и поставување нови членови кои ќе го дозволат усогласувањето на платите.

Вработените во ФЗО штрајкуваа и пред три месеци, но штрајкот беше ставен во мирување по одлуката да не им се намалат платите.