Џери на кардиологија, го нема Том (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи видео за кое се вели дека е направено на Клиниката за кардиологија и во кое се гледа како глушец претрчува по еден од ходниците.

Џери, како што се шегува еден од оние кои го споделиле видеото, се пикнал под нозете на пациентите кои си го чекале својот ред за преглед и со брзина на светлината исчезнал во една од ординациите. Дали Џери е изолиран случај или во близина му е цела фамилија не е познато, а не е познато ни каде е Том. Ама очигледно е дека, како во онаа добро познатата, кога мачорот не е тука глувците оро играат.