Мицкоски: Во рацете на народот е моќта да се обликува подобриот живот кој го сонуваме
Поддршка за Платформа 1 198 е повеќе од клучна за да се реализира визијата за изградба на подобро општество кое е изградено и им служи на врховниот суверен – граѓаните! Оттаму, почетната премиса на овој длабоко обмислен политички проект е дека промените се во твои раце. И подобриот живот е во твои раце! – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната програмска дебата на која се презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните параментарни избори, Платформа 1198.
Вели програмата се раѓа од длабоката посветеност кон развој, квалитетен живот и поставување на луѓето во самото срце на нивната политика.
Тие – граѓаните се почетокот и крајот на секоја мерка во оваа Платформа. Со цел да го трансформира нашето општество, програмата се потпира на најсвежите истражувања, успешните компаративни искуства, како и конкретни акции кои ќе доведат до изградба на здрава демократска држава која повторно ќе биде во рацете на граѓаните!
Програмата не само што ги препознава, туку и ги решава реалните проблеми со кои во континуитет се соочува нашето општество. Со преземањето на конкретна и јасно поставена обврска за заштита на националните интереси, Платформа 1 198, меѓу другото, поставува и амбициозни цели за гарантирање на нормалното функционирање на уставниот и политички систем, како и за непречено одржување на редот и поредокот во земјата – рече Мицкоски.
Мицкоски најави квалитетното и модерно образование кое се смета за темелен аспект од кој е условен развојот на Македонија. Вели Програмата се залага за и квалитетен живот, обезбедувајќи прилика за секој да ги развива своите потенцијали. Во исто време, додава тој, таа се посветува и на изградбата на квалитетен, ефикасен и правичен здравствен систем кој ќе биде достапен по исти услови и на ист начин за сите граѓани.
Мицкоски потенцираше:
Во борба за правдата, Платформа 1 198 работи и на осигурувањето на еднакви права за сите. Програмата предвидува конкретни реформи и мерки што се наметнуваат како неопходни за повисок животен стандард, како и за повисоки плати и пензии.
Платформа 1 198 предвидува интегрален пристап кон клучните сектори како единствен начин за унапредување на приликите општеството.
Во областа на земјоделието, програмата се залага за поддршка на малите и средните земјоделски производители, со фокус на технолошките иновации, обуките и правилното управување со ресурсите. Ова не само што ќе ги подобри условите за работа во руралните области на нашата татковина, туку ќе придонесе за подобар и одржлив развој на земјоделието преку осигурување на сигурна и квалитетна храна за сите граѓани.
Во секторот енергетика, Платформа 1 198 промовира користење на различни и еколошки извори на енергија. Следењето на иновациите во областа на обновливите извори, поддршката н политиките за енергетска ефикасност, како и подобрувањето на инфраструктурните капацитети се клучните аспекти на планот за одржлив енергетски развој. Ова не само што ги ќе ги стави во режим на оптимален капацитет енергетските ресурси, туку и ќе креира работни места во секторот на зелената економија.
Екологијата, како дел од Платформа 1 198 е важна вредност во оваа програма. Во овој дел документот предлага конкретни политики во насока на зачувување на природните ресурси, борбата против климатските промени и подобрувањето на квалитетот на животот. Тоа вклучува имплементација на мерки за смалување на отпадот, поддршка за еколошки иницијативи и обезбедување на чист воздух и вода за сите граѓани.
Во доменот на инвестициите, Платформа 1 198 промовира концепт за откриванње и привлекување на домашни и странски инвестиции кои ќе ѝ дадат нова енергија на економијата. Истовремено, програмата се залага и за ефикасно управување со финансиските ресурси, поттикнување на иновациите во приватниот сектор, како и поставување на одржлив економски развој. Ова не само што ќе креира поволни услови за бизнис, туку и ќе обезбеди долгорочен економски раст кој ќе носи бенефит за сите граѓани.
Младите се една од фокалните точки на овој документ. Исправно детектирајќи ги нивните предизвици и копнежи, се вообличуваат јасни мерки кои на еден модерен начин ќе овозможат реализирање на клучни приоритети: почнувајќи од зголемувањето на младинското учество во политиката на сите нивоа, преку нов концепт кон развој и промоција на индивидуалниот и колективниот спорт сé до мерки со кои ќе се осовремени образованието, ќе се олесни студирањето преку стипендии и друга помош и ќе се постават новите основи за динамичен развој на од државата потпомогнатото младинско претприемништво.
Конечно, но не помалку важен аспект на оваа програма е и демографијата и спречувањето на исселувањето. Водејќи се од компаративните европски и демократски иксуства, предвидуваме мерки со кои ќе се генерираат услови со кои ќе се намали исселувањето на краток рок, а на среден ќе се овозможи повторно враќање на оние кои веќе си заминаа од своите родни огништа. Во таа смисла, со имплементирање на европските демографски искуства, веруваме дека ќе успееме да воспоставиме нова реалност во која Македонија, како и порано ќе продолжи да пулсира и да се развива како држава на среќни граѓани.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека во целост, Платформа 1 198 е политички план што се потпира на еден модерен и прецизен пристап кон управување со ресурсите, квалитетен живот и динамичен економски развој.
Поддршката за Платформа 3000 не е само политички избор, туку и акт на силна верба дека промените се во ваши раце. Со вашата заедничка надеж, државата може повторно да биде на народот, а политиката – алатка во градењето на подобро општество. Во рацете на народот е моќта да се обликува подобриот живот кој го сонуваме – нагласи Мицкоски.