МЕЏИТИ: Талат Џафери се однесува како „млада невеста“, а ДУИ создава непријатели и со партиите на Албанците и на Македонците

Лидерот на партијата „Демократско движење“ која е дел од коалицијата „ВРЕДИ“, Изет Меџити во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека ДУИ за него е завршена приказна.

„За мене тоа поглавје е завршено, тоа е само спин кој се пласираше во јавноста“, вели Меџити.

Тој додава дека партијата во последно време создавала само непријатели.

„Ако го следите ДУИ, во последно време создаваше и создава само непријатели, дали со албанските партии, дали со ВМРО ДПМНЕ, дали со меѓународната заедница поради индивидуите кои се на црни листи, со медиумите исто така. Земајќи го сето ова во предвид мислам дека победата на нашиот кандидат за претседател ќе биде неспорна“, рече Меџити.

Во однос на актуелниот технички премиер Талат Џафери, Меџити рече дека се однесува како млада невеста.

„Техничкиот премиер без никакви ингиренции, Талат Џафери, не е премиер, туку повеќе личи на „млада невеста“ која ја носат да ја претстават пред семејството. ПР му прави Груби со разните негови посети во администрацијата изигрувајќи инспектор“, рече Меџити.

Според него, вицепремиерот Артан Груби преку негови портали му кажува на Обвинителството што да работат.

„Да не споменувам сега кои портали, Артан Групи поседува неколку. Преку тие портали тој укажува на јавното обвинителство што да работат, со кои предмети да се занимаваат“, рече Меџити.