Жрепката заврши, познат редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче

Државната изборна комисија денеска ги констатираше редните броеви на претседателските кандидати на изборното ливче. Извлекувањето беше јавно, а го спроведоа претставници на кандидатите.

Државната изборна комисија денеска ги констатираше редните броеви на претседателските кандидати на изборното ливче. Извлекувањето беше јавно, а го спроведоа претставници на кандидатите.

На изборното ливче имињата на кандидатите за претседател на државата ќе се најдат по следниов редослед:

1.Стево Пендаровски
2.Гордана Силјановска Давкова
3.Стевчо Јакимовски
4.Бујар Османи
5.Билјана Ванковска Цветковска
6.Арбен Таравари
7.Максим Димитриевски