Дете тешко повредено во Сарај: мајката вели дека бил удрен од мотор, а мотоциклистот тврди дека детето се удрило само

На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ вчера бил донесен малолетник од селото Љубин, скопско, со тешки телесни повреди.

Според пријавеното од неговата мајка, на 1 март околу 12.50 часот во с.Сарај, скопско, тој бил удрен од мотоцикл управуван од С.Б.(47) од Скопје.

Додека, пак, според изјавата на С.Б., малолетникот сам се удрил во мотоциклот, кој му бил паркиран во селото, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.