Родителите три часа ја блокираа Чашка: Бојкотот за незаконската албанска паралелка трае два месеци

Со возила, родителите на учениците во „Тодор Јанев“ во Чашка утрово ги блокираа патните правци Велес-Извор-Прилеп. Три часа ниту се влегуваше, ниту се излегуваше од општината. Според нивните тврдења, надлежните немаат слух за незаконското отворање на албанска паралелка со пет деца.

Бојкотот на наставата трае повеќе од два месеци. Во декември, при вонреден инспекциски надзор беше утврдено дека е формирана паралелка со 5 деца во прво одделение со албанска национална припадност, чија настава според Статутот на училиштето се одржува на македонски јазик. За да се одржува на албански, Статутот мора да биде променет.

Првиот човек на Чашка за Сител кажа дека ако му бидат вратени ингеренциите, ќе постапувал според законите, а тие налагале дека во ова училиште албанска паралелка не може да биде формирана.

Ингеренциите на Стојановски врз училиштето беа одземени во јули, минатата година. Тој доаѓа од редовите на СДСМ, меѓутоа при донесување на одлуките во Советот, неговите сопартијци коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ, пренесе Сител.

Прилогот на Сител погледнете го во продолжение: