„Раскол“ во Владата: Џафери побара разрешување на министрите на Таравари, еве кои луѓе треба да ги заменат

Со ова, Џафери очигледно во предвид ја земал одлуката на кадровската комисија која ја формираше Села и со тоа зазеде страна во расколот што се случува во Алијанса поради настапот на изборите.

Собранието утре ќе одлучува за разрешување на Азир Алиу и Фатмир Меџити, двајцата министри од Алијанса блиски до Таравари, како и за избор на нивните наследници, Наим Бајрами и Илир Демири, предлози што вчера стигнаа од крилото на Села, пренесе Сител.

Собраниската постапка почнува откако денеска техничкиот премиер Џафери го достави предлогот за разрешување и избор на министрите во ресорите за информатичко општество и здравство.

Со ова, Џафери очигледно во предвид ја земал одлуката на кадровската комисија која ја формираше Села и со тоа зазеде страна во расколот што се случува во Алијанса поради настапот на изборите.

Иако, не децидно и лидерот на СДСМ Ковачевски во парламентот очигледно ќе го легитимира крилото на Села, иако вели дека официјално комуницира само со Таравари.

Гласовите на коалицијата СДСМ и ДУИ нема да бидат доволни за разрешување без поддршката од гласови од пратеничката грушпа на Алијанса. Таму соодносот на силите според брифинзите се уште е 6 спрема 2, во корист на Села.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта е лицемерна кога менува министри за кои до скоро тврдеше дека се најдобрите.

„Очигледно ДУИ се однесува како матичар во бракоразводна постапка од кој зависи дали некој ќе биде министер или не. Притоа записничар е СДС кој само за да задржи власт исполнува желби на ДУИ. Во тој контекст ВМРО-ДПМНЕ е воздржано од оваа трагикомедија која единствено говори дека власта се оддржува на стаклени нозе и им следува изборен дебакл“, коментираат од партијата на Мицкоски

Од кај Таравари тврдат дека нема легитимна партиска одлука за смена на министрите и дека притсиокот за смени и закани з аотуштања всушност ги прави ДУИ. Од таму се уште се повикуваат на поддршката од 83 од вкупно 120 делегати на партиското Собрание.

Со овие делегати Таравари вечер во Куманово, на состанок што го свика вчера, ќе бара потврда на неговата одлука Алијанса за Албанците за изборите да влезе во коалиција со албанската опозиција. Села, пак, во сабота го свикува истотот тело за да побара одговорност од Таравари, но и потврда партијата на избори да има самостоен настап, пренесе Сител.