Почна штрајкот во ФЗОМ: Нема исплата на боледувања, породилно, барања за рехабилитација и ортопедски помагала

Од денеска почна штрајкот на вработените во Фондот за здравство на Македонија. Нема исплата на боледувањата, породилно, барања за рехабилитација и ортопедски помагала, како и барањата за осигурување во странство, т. е. за двојазичните обрасци. Граѓаните ќе имаат рецепти и упати, но ќе нема плати во јавното здравство, рече денеска Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ).

Причина за штрајкот е намалување на платите. Вработените имаат само едно барање, платата да им биде во висина на декемвриската. Јануарската уште ја немаат земено.

Сите вработени во подрачните единици во ФЗО не ги извршуваат работните задачи, освен најитните. Револтот кај вработените е огромен, штрајкуваат и оние кои се во други синдикати, истрајни се, расположението е моментанлно да се тера до крај се додека не се потврди онаа одлука, односно додека не ги добиеме оние плати што ги добивме со декемвриската плата. Не бараме ништо повеќе, бараме само да ни останат платите во оваа висина како што беа со декемвриската плата. Апелираме до Владата, на утрешната седница, на која веќе испративме допис до техничкиот премиер да отвори точка на дневен ред, да се разгледа ова наше барање. како што донесоа заклучок со препорака Управниот одбор да ги намали платите, да донесат нов заклучок со препорака да остане истата вредност на бодот, тоа е 77,16 денари, таа вредност да биде до крајот на оваа година, изјави претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Трпе Деаноски.

Деаноски во денешната изјава за новинарите кажа дека е направена иницијатива која е потпишана од сите директори на подрачните единици во којшто гарантираат дека ќе се извршуваат сите работни задачи и дека ќе има пари во Фондот за исплата на платите како што сега, а и граѓаните да бидат спокојни дека ќе има лекови и помагала за сите.

Апелирам до министерството за финансии и кој и да го напишел она соопштение дека ако се исплатат повисоки плати дека нема да има лекови за граѓаните, да не се случи уште еднаш такво нешто, да не се лаже јавноста, бидејќи не личи државен орган, министрство, да си игра со емоциите на граѓаните и да ги лаже дека нема пари во ФЗО. Многупати сме кажале дека ФЗО е институција со најголем буџет во државата и Фондот секогаш има пари. Ќе има пари и да останат овие плати на вработените како што тоа го договоривме со менаџментот на ФЗО. На ред е Владата, Управниот одбор, Министерството за финансии да си ја земат математиката во раце да донесат одлука со којашто ќе ги заштитиме платите. Ако не се донесе ваква одлука, вработените се толку револтирани што штрајкот нема да престане дури и по цена да не земат плата, изјави Деаноски.

Тој кажа и дека во март ќе има пораст на минималната плата, но тие нема да добијат усогласување со минималната плата.

Ако мининалната плата, да речеме, е 23-24 илјади денари, вработените ќе се спуштат под тој износ бидејќи има измени на законските решенија. Моментално се во Собранието, каде што се вели дека нема веќе усогласување на вработените во јавната администрација со порастот на минималната плата“, додаде Деаноски.

Аџигогов изјави дека нема пријавено никакви инциденти ниту проблеми со штајкот и оти граѓаните се свесни за ситуацијата.

Поддршка добивме од сите синдикати во здравството. Ќе се извршуваат само неопходните работни задачи, како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во странство за итни случаи. Сакам да кажам дека лекарските комисии кои ги продолжуваат боледувањата си продолжуваат непречено да работат. Не ни е идејата врз болни лица да тераме правдина, рече Аџигогов.

Аџигогов објасни за исплатата на породилните отсуства.

Двете работи не се исти. Ќе нема исплата на породилни отсуства. Едното е, нашите лекари заедно со лекарите од болниците и здравствените домови кои учествуваат во комисиите да дадат наод, оценка, мислење за продолжување на боледувањето. Надоместот за исплата на плата се случува доколку се надмине 30 дена, после тоа се поднесува кај нас барање за надомест.

Споед Аџигогов не се врши исплата на сите кои имаат договор со ФЗО, тоа е јавното здравство и огромен дел од приватното здравство.

Прекинати се договорите за вработување во јавно здравство, префрлувањата на договорите за јавно здравство и оние на кои со одлука треба да им се трансформира работниот однос. Во јавното здравство сега е пресметковен период, исто така и за буџетот, за капитациите. Сега за сега, во моментот не се работи ништо, кажа Аџигогов прашан дали ќе има плати за вработените во јавното здравство.