Повторно се огласи готвачот кој остана без работата на брод поради СДСМ: Глупи, неспособни и скроз изгубени во простор

Македонскиот готвач Виктор Настески, кој работеше како шеф на кујна (Executive Chef) на крузер за бродската копанија „P&O Cruises“, остана без работа поради проблемите со македонските пасоши повторно се огласи. Во претходните негови статуси тој пишуваше:

Епа другари и другарки толку беше

Договорот скратен поради невалиден пасош и поради фактот дека патниот лист е само за во еден правец до родната земја.
И така мене не ми е дозволено да го продолжам патувањето и да го завршам својот договор– го започнува својот статус познатиот готвач.

Тој објаснува какви последици и проблеми се направени со хаосот што македонската влада го направи со македонските пасоши:

-Бродов со 1800 гости и 820 вработени останува без “Executive Chef!
-Мојата компанија во неверување како е ова можно, се чудат и се крстат!
-Замена “Executive Chef” преку ноќ на овој крај од светот неможе да се најде!
-Мојот тим од 170 вработени остануваат без својот лидер!
-Мојот работодавец со огромни финансиски загуби!
-Јас исто така со финасиски загуби, живци искинати и ноќи непреспиени!
-Тонам во очите на мојата компанија и понижен како никогаш од сега!
-И се тоа поради непособноста на оваа власт да изнајде решение и да го продолжи рокот за пасошите,па да можеме да си ги завршиме договорите и како нормални луѓе да се вратиме дома!
-Да не се повторувам за тешкотијата која се наоѓаат морепловците за да го извадат овој патен лист!
-Ама не тие решија скроз да не понижат и уништат!

Настески ја запраша власта, дали е свесна каква штета предизвикува на граѓаните и на круз компаниите, како и на сите работници.

Свесни ли сте бе какви штети предизвикувате на своите граѓани и на круз компаниите, и општо на сите работодавци на море и на копно?
-Што е најтрагично вас не ви чуе бе какви штети направивте!
-Вие сте бе една багра неспособна што никогаш му се нема десено на човештвото!
-Јас не познавам дека некоја друга земја го има направено ова на својот народ!
И сега дома во нови нервози и дали ќе успеам да го извадам пасошот на време за да се вратам на следниот договор.
Ниту власта а ниту па опозицијата не помогна во врска со сета оваа каша попара и едноставно не се ни потрудија да направат нешто!
Единствена позитивна работа од ова е што набрзо ќе бидам со своето семејство.
А вие кога тогаш, ќе платите за сите овие неправди и маки!

Виктор е веќе дома со семејството.