Вечер објавува СКАНДАЛ: Бујар Османи назначи Амбасадор во Египет кој работи за Косово, Албанија и големоалбанските идеи

Џеми Хајредини назначен за амбасадорот во Каиро, се однесува скандалозно уште пред формално да биде завршена процедурата за негово испраќање во Египет.

Тој се однесува како да не е амбасадор на Македонија, туку на Косово и Албанија.

На социјалните мрежи постојано промовира големо албански идеи, постира слики и текстови за голема Албанија, а пишува и книги од срце за голема Албанија, Косово и УЧК.

Сега сам си ја најави промоцијата на книгата “Со срце за Косово“.

Дури и во фудбал ги поддржува Албанија и Косово, што го постира и јавно.

Останува да се види реакцијата на македонскиот дипломатски синдикат и на МНР, дали ќе ја запре постапката за испраќање амбасадор кој работи за Косово и Албанија.

Извор: Вечер