Пред утрешната владина седница: ДУИ сугерира дека НЕМА ДОВОЛНО АРГУМЕНТИ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ДИРЕКТОРИТЕ НА М-НАВ?

Во куса изјава за ТВ 24, од ДУИ денеска рекле дека се подготвени за дебата на утрешната владина седница на која ќе се одлучува за разрешување на раководството на М-НАВ.

„Ќе дебатираме. Можеби Владата има посилни аргументи од судот“ – рекле од ДУИ за ТВ 24 пред утрешната владина седница на која, според најавите, ќе се одлучува за разрешување на раководството на М-НАВ.

Одлуката на Кривичниот суд, на која се повикуваат од ДУИ, беше да им се определат мерка на претпазливост, а не притвор на осомничените за упадот во М-НАВ, со образложение дека Обвинителството не доставило доволно докази од кои ќе произлезе дека осомничените во целост ги исполниле условите предвидени во кривичното дело што им се става на товар

Вторник е денот кога Владата вообичаено одржува седници. Но, утрешната седница е од посебен интерес за јавноста зашто на неа, како точка на дневен ред, се очекува да се најде прашањето за разрешување на раководството на М-НАВ по инцидентот што минатата недела се случи во оваа институција.

Дека ќе предложи разрешување на целото раководство и на членовите на Управниот одбор на М-НАВ на седницата нма Владата што ќе се одржи на 9 јануари, премиерот Димитар Ковачевски најави во четвртокот навечер, кога се случи насилниот упад и нападот на дел од вработените во контролата на летање.

Сепак, неизвесно е како ќе се произнесат петтемина министри од редовите на ДУИ со оглед на ставот на нивната матична партија дека има неоправдани обиди инцидентот во М-НАВ да ѝ се припише на ДУИ, иако „тој е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичко прашање, а уште помалку со ДУИ“. Од ДУИ излегоа со овој став и покрај тоа што еден од осомничените за нападот е ексминистерот и актуелен претседател на огранокот на ДУИ во Чаир, Беким Незири, а раководството на М-НАВ на чии одлуки се противи синдикатот, иато така, е избрано на предлог на ДУИ, пренесува 360 степени.

Во куса изјава за ТВ 24, од ДУИ денеска рекле дека се подготвени за дебата на утрешната владина седница на која ќе се одлучува за разрешување на раководството на М-НАВ.