Мицкоски од Кичево: Потребна е победа и потребно е работата да се заврши на 24 април и на 8 мај

Денес присуствував на традиционалниот Василичарски коктел во Кичево кој годинава имаше и хуманитарен карактер. Кичево е победнички град. Потребна е победа и потребно е работата да се заврши на 24 април и на 8 мај, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Се работи на подготвување на изборната програма, се работи за инвентивен модел меѓу политика и економски модел преку кој ќе се подобри стандардот на граѓаните, но истовремено ќе се добие функционалност на државните органи. Ќе има одговорност за сите кои го прекршиле законот. Промените доаѓаат.