Владата на ДУИ во 2023 година дала седум милиони евра тендери на својот партиски донатор „Еуровиа“

ДУИ ги гледа институциите како алатка за тендери, кои редовно ги добиваат нивни блиски фирми, а парите неретко завршуваат и во самата партија. Ден 239 од 2023 година, Бујар Османи од ДУИ, преку МНР и дава тендер од 1,8 милиони евра на „Еуровиа“ донатор на ДУИ. Во јуни месец 2023 година, Ејуп Рустеми од ДУИ како директор на Јавното претпријатие за државни патишта и дава тендер на истата „Еуровиа“, донатор на ДУИ од 1.9 милиони евра, за чистење канавки и кресање банкини по автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– За ДУИ работи и СДС. Спасовски на истата „Еуровиа“и дал тендер од над 2 милиони евра за изградба на полициска станица во Аеродром. Спасовски го следи и Шукова, која преку министерството за животна средина на „Еуровиа“ и дала над 1 милион евра за регулација на одводен канал во Арачиново. За само една година, само во 2023 година од институциите со кои раководи ДУИ и СДС донаторот на ДУИ добил скоро 7 милиони евра тендери. Од „Еуровиа“ во ДУИ, од ДУИ преку институциите за „Еуровиа“. Смрди на криминал и корупција. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме – велат од партијата