Милчо Манчевски распали на Фејсбук

Најдобриот и светски признат режисер во историјата на суверена Република Македонија, со статус на својот Фејсбук профил распали по актуелната ненародна власт:

За потсетување, „Банана Филм“ продукцијата ја пријави Агенцијата за филм за местени конкурси, за незаконски исплати (крадење), за судир на интереси, а тие за одмазда им ги блокираа успешните проекти. Нивните тврдења ги потврдија и Антикорупциска комисија, Државниот завод за ревизија, Транспаренси интернешнл, инспекција на Министерството за култура…

И судот во јули месец оваа година го потврди самоволието на филмската мафија. Но, како и целиот друг сторен криминал во државава, соодветни казни за сторените кривични дела сеуште нема.