Доколку Спасовски не нареди полицаецот што го уапсил Дрин Ахмети сам да се „удри во пајакот” да се примени член 396 од Кривичниот законик

Доколку Спасовски не нареди полицаецот што го уапсил Дрин Ахмети (ДУИ) сам да се “удри во пајакот”, тогаш ова е членот од Кривичниот законик што треба да се примени, напиша на својот фејсбук профил Антонијо Милошоски.

Инаку, багажникот бил полн со пиротехника, а тоа е причината поради која е приведен Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, претседател на ДУИ.

25-годишниот Дрин Ахмети (познат и по обидот да ја преземе зградата Соравија во центарот на Скопје) бил сопрен и приведен поради небезбедно пренесување на пиротехника.