Градскиот стадион во Скопје конечно доби нова трева. Ораницата повеќе ја нема и место „нивата“ „никна“ нова трева. Не станува збор за обична трева туку за хибридна која е комбинација од природна и вештачка.
Тревникот има дренажа и греење и може да се игра на сите природни услови.
Останува да видиме за колку време ова убавина ќе биде уништена од негрижа и неодржување.А чини 400.000 евра.