Додека за директорот на „Македонија пат“ забавата почнува, граѓаните се заглавени на Стража и Маврово, оставка!

Костадин Ацевски треба да си даде оставка, зошто при првиот снег оваа година Македонија е блокирана, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека за директорот на „Македонија пат“ забавата почнува, граѓаните се заглавени на повеќе патни правци, оставка! Десетици возила, меѓу кои автомобили и камиони се блокирани на Стража и Маврово. Медиумите цело попладне објавуваат снимки од граѓани кои се заглавени на Стража и Маврово, а надлежните затечени од снегот во ноември не знаат што да прават.За Ацевски забавата може да почне во некоја кафеана, но не и во „Македонија пат“, и не со десетици наши сограѓани завеани по патиштата, за тоа мора да понесе одговорност“, пишува партијата.