Адвокатите денеска ќе соопштат што понатаму: Јанакиески незаконски бил држен во притвор, пресуди судот во Стразбур

Европскиот суд за човекови права утврдил дека поранешниот министер за транспорт, Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор.

„Судот смета дека постои повреда на правото на слбоода на Миле Јанакиески (член 5.3 од ЕКСП) поради непостоење на доволни причини за негово лишување од слобода“, стои во пресудата на ЕСЧП.

Јанакиески речиси пет години беше во домашен, па ефективен притвор кој го издржуваше во затворот „Скопје“ во Шутка. Сега, Европскиот суд носи заклучок дека има повреда на два членови кои се однесуваат на човековите права.

Неговите адвокати денеска ќе соопштат што понатаму по оваа пресуда. Јанакиески беше држен во притвор за случаите „27 април“ и „шпански скали“. „27 април“ е вратен на повторно судење а „шпански скали“.