Николоски ексклузивно: „Се појави информација дека грчкиот електропреносен систем САКА ДА КУПИ ДЕЛ ОД МЕПСО“

„Сакам да кажам вечерва нешто ексклузивно, едно специјализирано издание за енергетика во Грција се појави информација дека грчкиот електропреносен систем е заинтересиран за купување на дел од МЕПСО. И тоа на начин или преку зголемување на основачкиот капитал, или преку преземање на удели“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Николоски додаде дека со тоа Македонија ќе ја изгуби својата енергетска независност.

„Тоа значи дека грчкиот електропреносен систем сака да купи дел од македонскиот електропреносен систем и на тој начин Македонија целосно да ја изгуби својата енергетска независност“, рече тој.

„Сега што е проблемот, првиот проблем е што никој не води стратешки разговори дали на Македонија и одговара најголемиот производител на обновлива енергија во Македонија да е грчки капитал и дел од електропреносниот систем да е грчки капитал. И кој се согласил во Македонија? Затоа што тоа мора да е консензуална одлука да МЕПСО се продава. Затоа што на времето кога се продаде електродистрибуција или ЕСМ по старо, СДСМ ја продаде, а никој не даде согласност освен СДСМ. бројни држави на пример воопшто не ја продаваат дистрибуцијата“, појасни Николоски.

Тој посочи дека вториот проблем е што на власта полна и е устата со ЕУ, НАТО и Америка, но 24% и златна акција во ИПТО има најголемата кинеска државна компанија. Значи 76% е на Грција, а 24% е на Кина. Може тоа и да се воочи и во бордот на директори, каде што тројца се од Кина.

„Значи овие нашиве големи прозападни европејци, натовци итн. кога им е за бизнис стануваат Кинези и Руси“, појасни тој.

Николоски нагласи дека секогаш доаѓа со докази и документи. И се што говори е точно.