ДА ТЕ ВИДАТ ТАТЕ И МАМА! Заев го запозна Ципрас со родителите (ФОТО+ВИДЕО)

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас пристигна викендов во Струмица за да го посети својот другар, поранешниот македонски премиер Зоран Заев.

Досегашниот лидер на СИРИЗА дојде во познато струмичко кафуле со „Бе-ем-ве“ со струмички регистарски ознаки.

„Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција и моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности“, напиша Заев на социјалните мрежи.