„Дали Ковачевски како директор на Телеком БИЛ ВКЛУЧЕН ВО ПРИСЛУШКУВАЊЕТО?“

Треба да почнеме да прашуваме која била улогата на Ковачевски како директор на Телеком за време на прислушкувањето.  Дали Ковачевски директно бил вклучен во прислушкувањето?  Клучното прашање е токму тоа, изјави универзитетскиот професор Самоил Малчески за „Само вистина“ на Канал 5.

Тој посочи дека клучниот предмет заврши за кој беше целата хистерија.

– Зошто беше шарената револуција, зошто одеа по улици, зошто беше цела таа хистерија? Тој предмет не само што е завршен ние ќе треба да ги платиме адвокатските трошоци, од данокот кој го плаќаме, истакна тој.

Малчески посочи дека оваа влада дојде со ветување дека ќе прави генерален реизбор на сите обвинители и судии во Македонија, на крај завршивме со судии и обвинители во нечие ново тефтерче.

– Полни им беа устите, а на крај на денот Јовески е предлог на власта за уставен судија и го немаат повлечено. Смешно е кога ќе излезе Ковачевски дека судиите или обвинителите се криви. Со последниот конкурс за судии и обвинители еден куп скандали имаше со луѓе поврзани од власта. Проблемот е посложен. Не може политичка гарнитура на која устата и полна со ЕУ, да постапува спротивно од европските правила, изјави тој.

Малчески нагласи и дека ЕК и вика на власта дека законските измени ќе влијаат на голем дел случаи на корупција на високо ниво.