Стоилковски: Уште колку имиња од семејства на власта се на списоците од грозоморниот криминал во Онкологија

Уште колку имиња од семејства на власта се на списоците од грозоморниот криминал во Онкологија, кој му кажа на директорот на СДС да го исклучи системот и кој му издал лажни документи на директорот на ДУИ? Овие прашања ги постави на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Директор на Онкологија го исклучува системот за контрола и следење, друг директор вади лажни документи за семејството за да го смести на Клиниката. И двајцата директори се многу блиски до врвот на партиите коишто ги назначиле! Вакви зафати и молкот за криминалот со години во Онкологија се невозможни без знаење и поддршка од власта“, рече Стоилковски.

ВМРО-ДПМНЕ ја опиша кражбата на лекови на онкологија како грозоморие коешто не доликува на здравство туку на логорите на смртта. И ова грозоморие, велат од партијата, минува неказнето со години иако за него се зборуваше и се пишуваше.