Нова „шлаканица“ од Хајредини за Ахмети: И Заев, конечно, откри дека Али Амети лаже

Политичкиот аналитичар и ексминистер за финансии, Џевдет Хајредини посочува дека експремиерот Зоран Заев ја зборува вистината кога тврди дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети – лаже. Хајредини пишува: „И Заев, конечно, откри дека Али Амети лаже. На Ковачевски ќе му треба подолго време“.

„Лаже Али Амети кога на телевизија се фали дека он, во својство на “лидер” на партија со само 10% пратеници во Собранието на Македонија, со највисоки функционери на Бугарија и Грција преговарал за решавање на споровите за името на државата, националниот идентитет и македонскиот јазик“, посочува Хајредини.

Тој додава: „Од политичарите во Македонија не се знае само кој не лаже и не краде“.