СИРЕНА ЗА УЗБУНА во Битола: Состојбата во болницата е очајна

Денеска пред Клиничката болница во Битола се одржа третиот протестен митинг во знак на протест поради ненадејната смрт на шестгодишната Јана Христовска и на новороденчето кое почина кусо по раѓањето.

-Сирената е вклучена, а вклучен е и алармот за битолската болница. Недозволиво е во 21. век со толку напредна медицина, на ваков начин да заминуваат нашите најмили. Со едноминутно молчење оддаваме почит за прераната смрт на сите дечиња што ја доживеале судбината на Јана. Оставката на досегашниот директор за нас ништо не значи бидејќи тој сам изјави дека состојбата во болницата е очајна и затоа сметаме дека инспекцијата не треба да доаѓа само кога се случуваат трагедии, туку постојано, истакна Игор Петковски, претставник на организаторот на протестот.

Битолчани побараа јавно соопштување на причините за двете трагедии што се случија во ЈЗУ Клиничка болница „Др Трифун Пановски“-Битола.