Мицкоски: Штабот на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде место каде што скопјани ќе предложат свои идеи кои ќе влезат во програмата за следните избори

Изјава на проф. д-р Христијан Мицкоски по повод от6орањето на штабот на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

Добар ден и од мене, ја користам оваа можност да бидам дел од овој настан и да честитам и да посакам истовремено многу успеси, многу победи, ред се мислам на следните изборни соочувања, со нашите би рекол ете политички противници.

Мислам дека овој штаб овдека на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ овдека во Скопје ќе биде место кое што ќе можат скопјани да доаѓаат и да разговараат за сето она кое што ценат дека можеме ние како ВМРО-ДПМНЕ да го испорачаме и ние како ВМРО-ДПМНЕ да го реализираме, во таа смисла.

Бојан како претседател на Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека тука ќе имаат скопјани можност да разговараат и со градоначалниците кои што доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, со советниците, со пратениците, со истакнати активисти од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. И сето она кое што скопјани ќе го кажат практично на тие состаноци ќе биде дел од програмата и од следните амбиции кои што ВМРО-ДПМНЕ како идна Влада ќе ги реализира овдека во Скопје.

Така што јас уште еднашка еве ја користам оваа прилика да посакам успешна работа, многу победи се разбира овдека, и веќе на следните парламентарни и претседателски избори да го продолжиме континуитетот од првиот и вториот круг на локалните избори, јас сум убеден дека таа победа ќе се случи само прашањето е со колкава разлика ќе биде во Скопје. Затоа што скопјани се разочарани од сето она кое што оваа Влада на ДУИ поддржана од СДСМ го прави за Скопје и за скопјани. И мислам дека на следните парламентарни и претседателски избори јасно ќе зборуваат и гласно ќе зборуваат скопјани за тоа што им пречи во изминатите пет години, еве веќе шеста година во јуни – јули Влада на ДУИ поддржана од СДСМ.  

Така што уште еднашка честитки, со среќа нека е, и многу успеси, со бериќет да си го користиме штабот, изјави Мицкоски.